Во нивната објава, стои: Денес пред МНТ е избегнат опасен инцидент откако автобус на ЈСП одеднаш почна да исфрла дим, по што возачот го запре автобусот, а сите патниците излегоа надвор и останаа на автобуската постојка да чекаат друг автобус.
Оваа голгота на Скопјани трае веќе четири години и тоа единствено поради инаетот на владеачката ДПМНЕ, чии што советници во Советот на Град Скопје не гласаат за набавка на нови еко автобуси.
И покрај тоа што набавката на нови еко автобуси и бесплатен јавен превоз беше предизборно ветување токму на ДПМНЕ кој победи на минатите локални избори, сепак, ветувањето падна во вода, откако се скараа со градоначалничката Данела Арсовска, која впрочем беше и нивен кандидат за градоначалник.
Ова стана секојдневие во Скопје.
Како да не е доволно што нема доволно автобуси, па истите се чекаат и по четириесетина минути, откако ќе дојдат нема гарнција дека патниците ќе стигнат на крајната дестинација, затоа што постои опасност од нивно расипување.
Вестите на денот, кратко и јасно, секој ден во твојот инбокс.
Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, истакна дека проектот БРТ е единственото функционално и одржливо решение за решавање на деценискиот проблем со јавниот превоз во Скопје, се вели во соопштението од СДСМ. Во гостување на Сител телевизија, Шукова зборуваше за својата визија и програма за враќање на духот на градот и подобрување на квалитетот на животот.
Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, предупреди дека капитални проекти од витално значење за Скопје се заглавени поради политички игри и опструкции од страна на ВМРО-ДПМНЕ и актуелната градоначалничка Данела Арсовска, изјави денеска кандидатката за градоначалничка на Скопје и потпретседателка на СДСМ Каја Шукова. Секојдневно гледаме како капитални проекти и решенија кои се од витално значење за Скопје стојат заглавени поради политички игри, опструкции и целосна незаинтересираност за потребите на своите граѓани од страна на ДПМНЕ и Данела Арсовска – истакна Шукова која денеска беше во општина Карпош.
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, и официјално го откри новиот мурал на улица „Орце Николов“ во Дебар Маало, посветен на култната детска серија „Бушава азбука“. Со овој чин свечено се одбележаа 40 години од нејзиното прво емитување.
Откриен новиот мурал посветен на култната серија „Бушава азбука“ Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски денеска официјално го откри новиот мурал на улица „Орце Николов“ во Дебар Маало, посветен на култната детска серија „Бушава азбука“ и со овој чин свечено се одбележаа 40 години од нејзиното прво емитување. Делото на уметниците Драган Китановски Драш и Мирослав Грчев Микс е создадено во духот на афирмација на македонскиот јазик и литература и претставува нова сцена на отворено за жителите на Центар.
Поради дефект на 110 киловолтна трафостаница „Аеродром” моментално поголем дел од корисниците од Аеродром и Ново Лисиче, како и дел од корисниците од централното градско подрачје, се соочуваат со прекин во снабдувањето со електрична енергија. Од Електродистрибуција соопштија дека нивни екипи се упатени на лице место со цел санација на дефектот.
Поради дефект на 110кВ трафостаница „Аеродром” моментално поголем дел од корисниците од Аеродром и Ново Лисиче, како и дел од корисниците од централното градско подрачје, се соочуваат со прекин во снабдувањето со електрична енергија. Екипите на Електродистрибуција веднаш се упатија на лице место со цел санација на дефектот.
Повторно подметнат пожар до градинката и училиштето Св. Климент Охридски! До каде ќе оди лудоста!?
Фото: Општина Бутел Костовски: Повторно подметнат пожар кај градинката во Бутел, до каде ќе оди лудоста? Двајца полицајци се хоспитализирани на Клиниката за токсикологија поради вдишување јаглерод моноксид при гаснењето на пожарот што попладнево избувна во близина на новоизградената детска градинка во дворот на основното училиште „Св. Климент Охридски“ во Бутел, информира градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски.
Кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, остро реагираше на последната изјава на градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, кој повторно го нападна принципот на Бадентеровото мнозинство, еден од клучните елементи на Охридскиот рамковен договор. Според Османи, ваквите ставови се дел од одамна подготвена стратегија чија цел е поништување на договорот што ја гарантира мултиетничноста и стабилноста на државата.