Вештакот Ѓорѓија Хаџи Ангелковски сведочеше дека состојбата на Раде Трајковски е значително влошена во однос на претходното вештачење, опишувајќи го како студен. Штекли верува во реинкарнација и тврди дека е воден од „учител“ кој го пренесува од тело во тело и верува во фиктивна личност која „му наредува што да прави и како да постапува“, изјави денеска вештото лице на одбраната, Ѓорѓија Хаџи Ангелковски, кој даде психијатриска проценка за обвинетиот Раде Трајковски, осомничен за учество во организирана продажба на дрога, проценувајќи го како психотичен.