Полицијата од Куманово поднесе кривична пријава против петмина на возраст од 51 до 61 година, сите вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство на различни позиции, кои ја злоупотребиле нивната службена положба и свесно исплаќале плати и придонеси на еден од осомничените, кој бил вработен како архивар, знаејќи дека тој скоро шест години воопшто не се појавил на работа. „СВР Куманово поднесе кривична пријава против Р.Е.(51) од с.Слупчане, општина Липково, З.А.(59) од Скопје, Н.Б.(61) од Битола, А.Б.(59) од Скопје и С.К.(58) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, се вели во полициското соопштение.