Припадници на криминалистичката полиција вршат службени разговори со вработени во ЈП „Дрисла“, со цел да ги утврдат причините за пожарот на депонијата, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување и раководител на Главниот штаб за управување со кризи, Стојанче Ангелов, три дена по пожарот на „Дрисла“. Според него, чадењето од депонијата е активно и денеска, но е значително намалено за разлика од претходните денови.