До Министерството за образование се пристигнати податоци за 17.250 првачиња и 17.230 ученици во прва година во средното образование, но податоците не се конечни, со оглед дека училиштата сè уште доставуваат бројки.
Вештачката интелигенција влегува во наставата, а образовни асистенти ќе можат да добијат и средношколци.
Министерката за образование и наука Весна Јаневска вчера на прес-конференција информираше дека во повеќе училишта условите за настава се подобрени, а инклузијата е подигната со ангажирање на зголемен број образовни асистенти во основното и првпат во средното образование.
Целосно нови учебници има за седмо одделение во основното образование и за прва година во гимназиите, поради примената на нови наставни програми и најавувам дека овој процес на обнова на наставните содржини ќе има континуитет.
Првпат после седум години, учениците ќе добијат и учебници по странски јазици – англиски, француски, германски и италијански јазик, истакна Јаневска, нагласувајќи дека сите се испечатени и над 90 проценти од тиражот е веќе испорачан.
Од оваа учебна година започнува примената на нов електронски дневник кој има значително подобри перформанси од претходниот и наставниците ќе можат да се најават и пополнуваат податоци во секој момент.
Вештачката интелигенција влегува во наставата за што е изготвен сеопфатен прирачник за едукација и на наставници и на ученици, со јасни инструкции за етичка и ефикасна примена на новите технолошки алатки за образовни цели.
Вестите на денот, кратко и јасно, секој ден во твојот инбокс.
„Од нас нема да слушнете едно пред камера, а друго зад затворени врати. Тоа е суштината на довербата – да бидеме исти и во зборовите и во делата.
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски денеска во објава на социјалните мрежи ја коментираше изјавата на претседателот СДСМ Венко Филипче во однос на блокирањето предлози за евроинтеграции од страна на премиерот Мицкоски, и тој го обвини Филипче дека е противречен бидејќи од една страна зборува за уставни измени, од друга страна за откажување од преговорите ако има ново вето. „Од нас нема да слушнете едно пред камера, а друго зад затворени врати.
Проширувањето е и ќе остане процес базиран на заслуги. Секој кандидат ќе биде оценет според сопствените заслуги.
Максим Димитриевски, Претседател на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, беше гостин во интервју за новиот канал на младите на ЗНАМ, кое се одржа во рамки на летниот камп за млади на движењето во Струга. Тој ја истакна клучната улога на младите во политичките процеси, нивната способност да внесат поинаква енергија, креативност и визија, како и важноста на нивното активно учество во креирањето на иднината на Македонија.
Од: А1он -На 30.08.2025 околу 15:30 часот во СВР Скопје од страна на вработен во КПУ Затвор Скопје е пријавено дека М.П. (54) од Д. Коњари, кој бил во притвор, побарал лекарска помош. Од страна на доктор од Итна медицинска помош во 15:58 часот била констатирана смрт, без траги на насилство, се наведува во соопштението од полицијата.
Притвореник од Долно Коњари вчера починал во КПУ Затвор Скопје, информираат од полицијата. На 30.08.2025 околу 15:30 часот во СВР Скопје од страна на вработен во КПУ Затвор Скопје е пријавено дека М.П. (54) од Д. Коњари, кој бил во притвор, побарал лекарска помош.
„Во четвртокот во 19:50 часот, во СВР Битола бил пријавен инцидент од С.Х.Д. (32) од Шведска, кој моментално престојува во Дебар. Тој информирал дека на улицата Широк сокак во Битола му пристапиле неколку непознати лица на возраст од околу 20 години и се обиделе да му ја соблечат маицата што ја носел.