По преземени мерки и активности, СВР Битола го расчисти настанот со насилно одземање маица на лице од Шведска, со престој во Дебар, ги идентификуваше сторителите и изврши службени разговори со нив во полициска станица. Имено, по преземени мерки, полициските службеници ги идентификуваа сторителите, четворица 17-годишници и еден 14-годишник, сите од Битола.