Колку Лигата на нации е специфично натпреварување и колку може да значи за оние репрезентации кои не се ни блиску до пласман на големо натпреварување, можеби најдобро покажува тоа што најслабопласираната селекција на ранг-листата на ФИФА, Сан Марино го совлада Лихтенштајн на гостински терен со 3:1 и се пласираше во Ц дивизијата од Лигата на нации како победник од групата во Д дивизијата.
Синоќешниот натпревар за паметење на Сан Марино и големата победа над Лихтенштајн во гости одекнаа низ цел фудбалски свет.