Фудбалерите на Косово се соочуваат со строги казни и суспензии од УЕФА поради скандалот за време на натпреварот против Романија, одигран во рамките на Лига Ц од Лигата на нациите, кога во судиското продолжение, при резултат 0-0, го напуштија теренот како реакција на скандирањата „Србија, Србија“ од трибините.
Фудбалерите на Косово, како и Косовската фудбалска федерација, се соочуваат со жестоки казни и суспензии од УЕФА поради повлекувањето од терен од натпреварот со Романија, во Ц- дивизијата од Лигата на нациите.