Легендарниот италијански стратег, Карло Анчелоти, би можел да остане без местото на клупата на Реал Мадрид доколку неговиот тим не победи вечерва против Атлетик Билбао (21 часот). Станува збор за меч од 32. коло на Ла Лига на „Сантијаго Бернабеу“, а притисокот е огромен – Реал мора да слави за да остане во трката за титулата.
Тренерот на Реал Мадрид Карло Анчелоти вечерва ќе добие отказ доколку неговиот тим не оствари позитивен резултат во дербито на 32-рото коло од Ла Лига против Атлетик Билбао, пренесува шпанскиот портал Релево.