Напаѓачот на Вулверхемптон, Матеус Куња (25), кој беше на радарот на неколку англиски гиганти, ќе му се придружи на Манчестер Јунајтед во летниот преоден рок, објавија британските медиуми.
Двете страни преговараат неколку недели, Куња наводно ги прифатил личните услови и останува само уште двата клуба да ја договорат отштетата.