Напаѓачот на Вулверхемптон, Матеус Куња (25), кој беше на радарот на неколку англиски гиганти, ќе му се придружи на Манчестер Јунајтед во летниот преоден рок, објавија британските медиуми.
Договорот на бразилскиот интернационалец со „Волците“ не истекува до јуни 2029 година, а откупната клаузула е 74 милиони евра.