Францускиот напаѓач Килијан Мбапе се мачи на почетокот на новата сезона во дресот на Реал Мадрид, односно не е во посакуваната голгетерска форма, па затоа францускиот селектор Дидие Дешам реши да го одмори во ноемвриските натпревари од Лигата на нации.
Дешам во разговор со француските медиуми откри дека Мбапе сакал да биде дел од репрезентацијата, меѓутоа тој решил да не го повика и да му даде простор да се одмори поради напорниот распоред на натпревари на „кралевите“.