1 (34) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 07-Apr 07:00 -> 07-Apr 18:01
.
.
.
.

„ОСТАВАМ НА СОВЕСТА НА ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО“: Еве што вели адвокатот Туфегџиќ за исказот на Александар

  • Ѓорчевски: Во моментот кога го одземале животот на Вања, го одземале и мојот живот

  • Таткото на Вања: Во полицијата нѐ убедуваа дека се регрутирала за ИСИС и избегала во Шведска

  • Александар, таткото на Вања, тврди дека нема апсолутно никаква негова инволвираност во случајот

Адвокатот Владимир Туфегџиќ, бранител на Александар Ѓорчевски, изјави дека исказот на неговиот клиент е јасен и искрен, одразувајќи реално учество во настаните.

Александар Ѓорчевски, денеска во Основниот кривичен суд во Скопје рече дека нема апсолутно никаква инволвираност и дека ниту ги познава, ниту може да ги гледа обвинетите во случајот за убиствата на неговата ќерка Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.

Александар Ѓорчевски, таткото на убиената Вања Ѓорчевска, кој е еден од осомничените за случајот, денеска првпат сведочеше во Основниот кривичен суд во Скопје.

Немам поврзаност со овие луѓе кои како што забележав немаат каење туку се разочарани од царот.

2 (25) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 07-Apr 13:20 -> 07-Apr 18:06
.
.
.
.

„КАКО ДА И ЗАПАЛАМ СВЕЌА И ДА И РЕЧАМ БИДИ ЗАДОВОЛНА? “: Сестрата на смртно прегазената Теодора Ристовска со солзи реагира на пресудата

  • Двегодишна казна за Менсур Пајазити, кој ја прегази 22-годишната Теодора Ристевска

  • Менсур Пајазити осуден на две години затвор за смртта на Теодора Ристовска во сообраќајна несреќа

Возачот кој смртно ја прегази 22-годишната Теодора Ристевска, доби две години казна затвор.

Судот во Тетово денеска донесе одлука по рочиштето за случајот каде 22 годишната девојка Теодора Ристевска беше прегазена во Тетово.

На повтореното судење за смртта на Теодора Ристовска во сообраќајна несреќа, денеска во Основен суд Тетово, обвинетиот Менсур Пајазити ја призна вината и по изведување на докази и завршни зборови, судијата Елведин Ферати го осуди на казна затвор од две години.

4 (30) ■ вести > македонија > политика ■ 07-Apr 11:04 -> 07-Apr 15:42
.
.
.
.

ВРЕДИ НИ ДАДЕ УЛТИМАТУМ, А НЕ ПОНУДА Таравари вели дека ќе останат пет пратеници и самостојна група

  • Нема реконструкција на Владата пред локалните избори, изјави Мицкоски

  • Таравари: Немаме понуда од „Влен“ да се споиме во една партија, ако тие сами одлучиле, нека го задржат името „Влен“

  • Меџити: Ставот во „Влен“ е на локалните избори да одиме со заеднички листи, имајќи ја предвид иницијативата за формирање на една политичка партија

Арбен Таравари кој го предводи едното крило на Алијанса на Албанците и е дел од коалицијата од албанскиот политички блок Вреди вели дека не добиле понуда од Вреди да се спојат во една партија.

Владата нема да се реконструира пред локалните избори, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со министерот за здравство Арбен Таравари и директорот на ФЗО Сашо Клековски.

Арбен Таравари кој го предводи едното крило на Алијанса на Албанците и е дел од коалицијата од албанскиот политички блок „Влен“ вели дека не добиле понуда од „Влен“ да се спојат во една партија.

Се водат разговори во рамки на Коалицијата „Влен“ за сите политички субјекти во рамки на Коалицијата да се претворат и втопат во Влен како политичка партија која ќе ги претставува Албанците на претстојните локални избори, изјави денеска вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, по состанокот на советодавната комисија Рамсар, посветен на иднината на Преспанското Езеро кое ја поврзува земјава со Албанија и Грција.

7 (63) ■ вести > македонија > политика ■ 05-Apr 13:48 -> 07-Apr 16:38
.
.
.
.

Филипче: Какви лицемери седат во Владата, ги убедуваат работниците дека може да живеат со 400 евра

  • СДСМ утре избира претседател, Филипче единствен кандидат

  • Венко Филипче официјално избран за претседател на СДСМ на внатрепартиски избори

  • Филипче e единствен кандидат за претседателското столче во СДСМ

Какви лицемери седат во Владата, ги убедуваат работниците дека можат да живеат со 400 евра месечно, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче на прес конференцијата по неговата победа на внатрепартиските избори.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) утре избира нов партиски претседател.

Венко Филипче официјално е избран за претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) на денешните директни внатрепартиски избори, на кои тој беше единствениот кандидат.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) утре избира нов партиски претседател.

10 (16) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 07-Apr 11:16 -> 07-Apr 14:30
.
.
.
.

Уапсен возач на „голф”, по сообраќајната несреќа во скопско каде загина малолетничка

  • ЗАГИНА ТИНЕЈЏЕРКА КАЈ ПАТИШКА РЕКА Приведен 19-годишен возач по тешка несреќа

На 06.04.2025 околу 17.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на локалниот пат с. Патишка река – с.Осинчани, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф” со скопски регистарски ознаки, управувано од У.О.(19) од с.Студеничани, скопско и патничко возило „мерцедес” со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.А.(29) од Скопје.

Деветнаесетгодишниот У.О. од село Студеничани е приведен од страна на полицијата по тешката сообраќајна несреќа што се случи во саботата попладне на локалниот пат меѓу селата Патишка Река и Осинчани, скопско, во која животот го загуби малолетна девојка.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

14 (8) ■ бизнис > економија ■ 07-Apr 13:36 -> 07-Apr 15:13
.
.
.
.

Инфлацијата конечно попушта? На годишно ниво 2,7 отсто, трошоците за живот во март пониски од февруари

  • Пораснаа животните трошоци и малопродажните цени!

Трошоците на животот во март 2025 година, во однос на март лани, бележат зголемување од 2,7 отсто, а цените на мало раст од 2,2 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Државниот завод за статистика информираше дека во март 2025 година, во споредба со март минатата година, трошоците на животот забележаа пораст од 2,7 %, додека цените на мало забележаа зголемување од 2,2 %. Инфлацијата, мерена преку индексот на трошоците на животот во март 2025 година, во однос на февруари 2025 година, бележи пад од 1,3 %. Намалувањето на инфлацијата во март 2025 година, во однос на февруари 2025 година, е предизвикано од опаѓањето на трошоците на животот во следните категории: “Храна и безалкохолни пијалаци за 3,0 %, Транспорт за 1,8 %, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0,6 %, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0,5 % и Разновидни стоки и услуги за 0,3 %”. Од друга страна, во март 2025 година, споредено со февруари 2025 година, пораст на трошоците на животот е регистриран во следните групи: “Домување, вода, електрика, гас и други горива и Облека и обувки за 0,4 %, Ресторани и хотели за 0,3 %, Комуникации и Здравје за 0,2 % и Рекреација и култура за 0,1 %”. “Трошоците на животот во групата Образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.” Цените на мало во март, во однос на февруари годинава, се пониски за 0,9 %.

62 (5) ■ сцена > здравје ■ 07-Apr 07:32 -> 07-Apr 09:18
.
.
.
.

СЗО: На секои две минути во 2023-та умирала по една жена или вкупно 260.000 жени во светот од компликации од бременост или породување

  • СЗО: Една жена умира на секои две минути за време на бременост или породување

Компликациите од бременост или породување предизвикуваа смрт на жена приближно на секои две минути во 2023 година, се наведува во извештај на Светската здравствена организација (СЗО) и другите тела на ОН. Во извештајот, објавен денеска, се вели дека тоа изнесува околу 260.000 жени на глобално ниво.

Компликациите од бременост или породување предизвикуваа смрт на жена приближно на секои две минути во 2023 година, се наведува во извештај на Светската здравствена организација (СЗО) и другите тела на ОН. Во извештајот, објавен денеска, се вели дека тоа изнесува околу 260.000 жени на глобално ниво.