Македонскиот фудбалски шампион Шкендија утре ќе му гостува на романскиот ФЦСБ во реванш натпреварот од второто квалификациско коло во Лигата на шампионите. Ekipa
ФЦСБ и Шкендија вечерва го играат реваншот од второто коло во квалификациите за Лигата на шампиони (ЛШ), а по 35 одиграни минути резултатот е 1-1. Домаќинот успеа да ја пробие одбраната на Шкендија преку Цисоти во 28. минута, но набрзо тетовци го возвратија ударот преку Латифи кој ја замолкна арената во Романија. Sport1
Сепак, добрата игра на Шкендија беше наградена во 86. минута, кога резервистот Крстевски со помош на блокот ја смести топката во посакуваната цел и ѝ донесе нова победа на својата екипа во овој двомеч, а воедно и пласман во третото коло од квалификациите во Лигата на шампионите.
Во третото коло Шкендија ќе се судри со Карабах, а во случај на неуспех се префрлува во плеј-офот од квалификациите за Лигата на Европа. Gol
Следен противник на Шкендија ќе биде Карабах.
Стратегот на македонскиот шампион Јетон Беќири направи две замени во однос на првиот натпревар во Скопје. Gol