1 (62) ■ вести > македонија > политика ■ 17-Nov 16:27 -> 18-Nov 16:55
.
.
.
.

Курти: Косово и Македонија немаат недоразбирања

  • Објавена агендата на утрешната заедничка седница на владите на Косово и Северна Македонија во Приштина

  • Мицкоски: Економската соработка со Косово ќе биде над половина милијарда евра

  • Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Република Косово и Република Македонија немаат недоразбирања, истакна на почетокот на меѓувладината седница Косово – Македонија, косовскиот премиер Албин Курти.

Кабинетот на косовскиот премиер, Албин Курти ја објави попладнево конечната агенда за заедничката средба на Владата на Косово и Владата на Северна Македонија, што ќе се одржи утре во Приштина.

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната меѓувладина седница во Приштина истакна дека очекува следната година економската соработка меѓу двете земји да достигне половина милијарда евра.

Владината делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски пристигна во Приштина каде денеска заедничка седница имаат двете влади по што ќе бидат потпишани билатерални договори и меморандуми за соработка во повеќе области.

5 (5) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 18-Nov 16:09 -> 18-Nov 17:09
.
.
.
.

Кривична пријава против 25 вработени во МВР за несовесно работење во службата

  • Кривична пријава за несовесно работење во службата и отказ за 15 високи службеници во МВР

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против 25 лица вработени во МВР поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи, до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против 25 лица вработени во МВР поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата” по член 353-в од Кривичниот законик.

Повеќе од
оваа категорија

38 (24) ■ спорт > фудбал ■ 17-Nov 19:30 -> 18-Nov 09:31
.
.
.
.

Сејдини: Дојде време за промена, горд ја напуштам функцијата по години исполнети со историски достигнувања

  • Сејдини се повлече од ФФМ, Вонредно Собрание на 22. декември

  • Муамед Сејдини поднесе оставка – ФФМ во декември ќе избира нов претседател

Претседателот на Фудбалска федерација на Македонија, Муамед Сејдини кој вечерва поднесе оставка, ги кажа причините за неговото повлекување од функцијата.

Онака како што беше најавено изминатиов период, претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини веднаш по завршувањето на двата ноемвриски натпревари од Лигата на нации, вечерва пред Управниот одбор на ФФМ одлучи да се повлече од претседателската функција на федерацијата.

На 22 декември, на вонредно собрание, Фудбалската федерација на Македонија ќе бира наследник на Сејдини по неговата денешна оставка.

Повеќе од
оваа категорија

207 (4) ■ бизнис > економија ■ 16-Nov 11:38 -> 16-Nov 12:07
.
.
.
.

Намален откупот на земјоделски производи за 14,4 отсто

  • Намален откупот и продажбата на земјоделски производи

Државниот завод за статистика објави дека во третото тримесечје од 2024 година се намалиле откупот и продажбата на земјоделски производи во земјава.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во третото тримесечје од 2024 година, откупот и продажбата на земјоделски производи изнесуваат 4 703 216 илјади денари и во однос на истиот период од претходната година се намалени за 14.4 %. Откупот на земјоделски производи од индивидуалните производители е намален за 19.5 %, а продажбата на земјоделски производи од сопствено производство e намалена за 8.2 %. Од вкупната вредност на откуп и продажба на земјоделски производи по групи, забелeжано е намалување на вредноста кај млечните производи, а зголемување кај рибата, лозарството и кај полјоделските производи./МИА.