Селекторот Милевски на располагање за дуелот против Ерменците ќе ги има стоперите Никола Серафимов и Ѓоко Зајков, додека неизвесен е настапот на Висар Муслиу, кој се повреди на натпреварот во Рига.
Македонската репрезентација пред еден месец во Скопје ја совлада Ерменија со 2-0 и со оптимизам влегува на реваншот во Ереван, во кој со победа ќе го обезбеди првото место во групата, а и со бод ќе направи голем чекор кон промоција во Б дивизијата пред двата завршни натпревари од ноемврискиот циклус против Летонија и Фарски острови во Скопје. Libertas
Атмосферата во нашиот табор е на највисоко ниво, а желбата е секако да се вратиме до добар резултат од Ерменија.
Македонија в недела ќе игра против Ерменија, дуел кој може да биде решавачки во трката за освојување на првото место во групата. Sportski