Ливерпул ќе ги исплати преостанатите две години од договорот на починатиот Диого Жота на неговото семејство.
Фудбалскиот клуб Ливерпул е завиен во црно, по смртта на португалскиот напаѓач Диого Жота.
Навивачите, клубовите, фудбалските организации се збогуваат со Диого Жота овој четврток… Шпанската цивилна гарда ја потврди смртта на фудбалерот на Ливерпул и неговиот две години помлад брат, Андре Силва, кој бил во автомобилот со него.
Ливерпул објави дека ќе го повлече дресот со број „20“, кој го носеше Диого Жота, фудбалерот кој трагично го загуби животот.