Фенербахче го победи Трабзонспор со 3:2 на гостински терен во луд натпревар од 11. коло на турската Суперлига.
Фудбалерите на Фенербахче вечерва како гости го победија Трабзон (3-2), благодарение на голот на Софијан Амрабат во 102. минута, со што ја намалија предноста на вечниот ривал Галатасарај, кој сега е лидер со пет бодови повеќе од нив.