Македонија по четири кола води во групата 4 на лигата Ц и е пред промоција во лигата Б Селекторот на македонската репрезентација, Благоја Милевски, го објави списокот со фудбалерите за завршните два натпревара од групната фаза на Лигата на нациите, во Скопје, со Летонија на 14 ноември (од 20.45 часот) и со Фарските Острови три дена подоцна (од 15 часот). Македонија по четири кола води во групата 4 на лигата Ц со 10 бода, по шест повеќе од селекциите на Ерменија и на Летонија и седум повеќе од репрезентацијата на Фарските Острови, и е пред промоција во лигата Б, каде што во следното издание на тоа натпреварување ќе играат првопласираните селекции од секоја од четирите групи на лигата Ц. – Во ова издание секој бод и секој гол се важни. Novamakedonija