Фудбалерите на Барселона стигнаа до нова лесна победа во Лигата на шампионите откако вечерва во 4. коло славеа на гостувањето во Белград на „Рајко Митиќ“ против Црвена звезда со убедливи 2-5. Левандовски со два гола и по еден Рафиња, Иниго Мартинез и Фермин Лопез беа стрелци за Каталонците, додека погодоците за домаќините ги постигнаа Силас и Милсон.
Каталонскиот гигант Барселона продолжи со одличните настапи во Лигата на шампиони (ЛШ) и ја запиша третата победа по ред, откако ја надигра Црвена Звезда во Белград со 5-2, додека Интер го доби дербито против Арсенал со 1-0, а ПСЖ и Атлетико Мадрид ремизираа (1-1) на „Паркот на принцовите“.