Екипата на Интер Мајами, за која настапува најдобриот фудбалер на сите времиња Лионел Меси, е елиминиран од плејофот во МЛС лигата, откако ноќеска загуби од Атланта Јунајтед (2-3) во решавачкиот трет натпревар од серијата одигран на домашен терен . Аргентинецот постигна редок гол со глава, тоа и не беше доволно за тимот на Херардо Мартино да избори место во четвртфиналето.
Интер, кој ја заврши регуларната сезона со најдобар резултат меѓу тимовите, започна од вториот круг на плејофот, додека Атланта се пласираше во елиминациите во последен момент.