Американската тенисерка Коко Гоф триумфално ја заврши сезоната откако денеска победи во финалето на завршниот ВТА турнир што се одржуваше во Саудиска Арабија.
Коко Гоф од сите тенисерки на светот најсреќна ќе замине на долгата зимска пауза, бидејќи вечерва го освои Завршниот Мастерс во Ријад, победувајќи ја во финалето Чинвен Женг во три сета – 3-6, 6-4, 7-6. Младата Американка го загуби првиот сет, но не се предаде дури и кога ѝ „подари“ еден брејк на Женг во вториот сет (1-3). Американката, која што во полуфиналето ја совлада најдобрата тенисерка на светот, Сабаленка, по тој загубен гем на свој сервис, влезе во посакуваниот ритам, направи пресврт и израмни на 1-1 во сетови.