Посакуваното враќање на Серхио Рамос во Реал Мадрид каде ги помина најдобрите години од блескавата кариера и со кој ги освои сите можни трофеи сепак нема да се случи, пренесуват шпанските медиуми.
Поранешниот капитен на Реал Мадрид изби во прв план по повредите на Едер Милитао, Дани Карвахал и Давид Алаба со кои „кралскиот клуб“ остана преполовен на одбранбените позиции, но претседателот Флорентино Перез нема намера да го врати искусниот 38-годишник на „Сантијаго Бернабеу“.