Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Усман Дембеле нема да биде во комбинација за настап за дуелите од Лигата на Нации во кои Франција ќе се соочи со Израел и Италија.
Францускиот фудбалер Усман Дембеле поради повреда ќе ги пропушти следните два репрезентативни натпревари во Лигата на нации, а во селекцијата ќе го замени Кингсли Коман, соопшти денеска Француската фудбалска федерација (ФФФ). Напаѓачот на Пари Сен Жермен, според федерацијата, почувствувал болка во долниот дел на грбот во саботата на натпреварот против Анжи од француското првенство (4:2). Во досегашната кариера, 27-годишниот фудбалер има 53 настапи за француската репрезентација и постигна шест гола.