Кристијано Роналдо продолжува со извонредните настапи на 39-годишна возраст, откако ветеранот со два гола ја предводеше Португалија до триумф од 5-1 . Сите шест погодоци беа постигнати во второто полувреме, а запаметен ќе остане оној петтиот на Португалија, кога Витиња испрати центаршут кон вториот дирек, каде Роналдо со ножички успеа да ја смести топката во мрежата, потсетувајќи на своите најдобри денови во кариерата. Ekipa