1 (25) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 08-May 22:31 -> 09-May 09:32
.
.
.
.

Уапсен е убиецот кој вчера пукаше во кафе бар во Штип

  • ВИДЕО I Пукање во Штип на плоштадот „Слобода“, едно лице повредено

  • Во Штип синоќа е убиен 25 годишен странски државјанин

„Основното јавно обвинителство Штип е известено од МВР дека лицето по кое се трагаше во врска со вчерашниот оружен инцидент е уапсено.

Едно лице е повредено вечерва во пукање со пиштол што се случило на градскиот плоштад „Слобода“ во Штип.

Дваесет и пет годишниот Е.О, странски државјанин, е убиен синоќа во угостителскиот објект „Вами“ на Градскиот плоштад во Штип, потврдија за МИА од Клиничка болница-Штип.

8 (5) ■ вести > македонија ■ 09-May 07:47 -> 09-May 08:48
.
.
.
.

Во Кривичен треба да почне судењето за сообраќајката во која животот го загуби Фросина Кулакова

  • Почнува судењето на Васил Јованов за сообраќајката во која живтото го загуби Фросина

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да почне судењето против Васил Јованов, осомничен за кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ за сообраќајката од јануари годинава на Булеварот „Партизански одреди“ во Скопје во која животот го загуби Фросина Кулакова.

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да почне судењето против Васил Јованов, осомничен за кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ за сообраќајката од јануари годинава на Булеварот „Партизански одреди“ во Скопје во која животот го загуби Фросина Кулакова.

9 (46) ■ вести > македонија > политика ■ 07-May 00:01 -> 08-May 22:03
.
.
.
.

ТАРАВАРИ ЌЕ БИДЕ МИНИСТЕР УШТЕ НЕКОЈ ДЕН Во Владата нема место за ДУИ, вели Касами

  • Беким Сали: Таравари ни призна дека комуницира со Ахмети, му ја затворивме вратата

  • НА ДВЕ СТОЛИЦИ НЕ МОЖЕ ДА СЕ СЕДИ Таравари не кажува дали ќе излезе од Владата

  • ВЛЕН за Таравари: „Бегот“ од Гостивар сака да ги прошверцува петте пратенички мандати во ДУИ

Tаравари ќе биде во владата уште некој ден, вели градоначалникот на Тетово и претседател на движењето Беса, Билал Касами, пренесува Алсат ТВ. Според него, во наредните денови ќе има конкретни активности од страна на премиерот во таа насока.

Директно го прашавме господинот Таравари дали има комуникација со господинот Ахмети, на што тој потврдно ни одговори“, рече Беким Сали од „ВРЕДИ“ во гостување на тв Телма.

Претседателот на Алијансата за Албанците, дел од Владата, Арбен Таравари во изјава за медиумите изјави дека се во постојана комуникација со премиерот Христијан Мицкоски, пренесува ТВ21.

„ДУИ не може да се дефинира поинаку освен како казан во кој вријат кражби, криминал и корупција.

10 (75) ■ вести > свет ■ 07-May 00:06 -> 08-May 18:46
.
.
.
.

Пакистанскиот премиер жестоко и се закани на Индија

  • Индиско МНР: Нападите во Пакистан без насочени кон терористички кампови

  • Хронологија на конфликтот помеѓу Индија и Пакистан: Насилства кои траат 25 годин

  • Пакистан: Никогаш нема да дозволиме непријателот да успее во неговите зли цели

Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф ѝ се обрати на нацијата откако Индија изврши воздушни напади врз цели во Пакистан и Кашмир под пакистанска управа.

Нападите на Индија врз Пакистан беа насочени кон „терористички кампови“ кои служеа како центри за регрутирање и места за стационирање, каде што се складира оружје и има објекти за обука, соопшти индиската војска.

Индија во средата нападна девет локации во Пакистан за кои рече дека претставуваат „терористичка инфраструктура“, две недели откако 26 лица беа убиени во напад во индиски Кашмир за кој Њу Делхи го обвини Исламабад.

Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф денеска изјави дека Пакистан има целосно право да се брани од „воен чин наметнат од Индија“ и дека одговорот на индиските напади е „насилен“.

12 (49) ■ вести > балкан > регион ■ 07-May 10:35 -> 08-May 17:44
.
.
.
.

ВУЧИЌ СЕ ЖАЛИ ДЕКА НЕМА СИЛА: Објасни каква му е здравствената состојба

  • Српски медиуми: Вучиќ отпатува за Москва

  • Вучиќ пристигна во Москва за прославата на Денот на победата на фашизмот

  • Вучиќ уште не може да стигне до Русија, авионот принудно слетал во Баку

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска во Москва изјави дека сега се чувствува добро, но дека сè уште не ја вратил целата сила и дека терапијата што ја зема му е потешка, но дека ќе се навикне на неа и дека очекува сè да биде во ред.

Српскиот претседател Александар Вучиќ отпатувал за Москва каде што е планирано да присуствува на парадата на победата на Црвениот плоштад, пренесуваат српски медиуми.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска пристигна во Москва каде ќе присуствува на прославата на Денот на победата на фашизмот.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ја започна најавената посета на Москва, каде што требаше да се сретне со рускиот претседател, Владимир Путин, но авионот со кој леташе мораше итно да слета во главниот град на Азербејџан, Баку поради војната во Украина и дејствијата во воздушниот простор на Русија.

13 (15) ■ вести > македонија ■ 08-May 19:14 -> 09-May 07:32
.
.
.
.

ТОМОВСКИ: Ако сакаме да сме држава треба да имаме авион, а не соседните држави да не собираат со нивни авиони

  • Томовски: Бројот на општини кои ВМРО-ДПМНЕ ќе ги освои нема да биде само повторен,туку зголемен

Ако сакаме да бидеме сериозна држава треба да имаме соодветно летало, односно соодветен владин авион и не треба да се симнуваме на ниво соседните држави да не собираат со нивните авиони кога треба некаде да одиме со заеднички делегации, смета директорот на Службата за општи и заеднички работи Ивица Томовски.

Директорот на Службата за општи и заеднички работи и член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Томовски, гостуваше во ,,Само интервју“ на телевизија Канал 5. Тој говореше за претстојните локални избори и ги прецизираше критериумите и филтрите кои кандидатите за градоначалници треба да ги исполнат.

14 (19) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 08-May 13:33 -> 08-May 17:23
.
.
.
.

Апелација им ги зголеми казните на дел од обвинетите за случајот „Ласкарци“, по десет години затвор за сопственикот и одговорниот во „Дурмо турс“

  • Апелација ја дуплираше затворската казна за газдата на „Дурмо турс“ поради трагедијата кај Ласкарци кога во автобуска несреќа загинаа 16 патници- потврдена пресудата за возачот, а други обвинети добија повисоки казни

Апелациониот суд Скопје ги одби како неосновани жалбите на дел од обвинетите за случајот „Ласкарци“ кој се однесува на автобуската несреќа што се случи во 2019 година во која загинаа 16 патници, а над 30 беа повредени, додека делумно ја уважи жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје, на начин што им ги зголеми казните затвор на сопственикот на компанијата „Дурмо турс“, обвинетиот Дурмиш Белули од четири на десет години, на одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари од шест на десет години, и од пет на по седум години казна затвор на двајцата вработени во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски и Горан Дуковски.

Скопскиот Апелационен суд ја прифати жалбата на обвинителството и на дел од осудените за трагедијата во Ласкарци од пред 6 години им ги зголеми казните.

Повеќе од
оваа категорија

48 (15) ■ спорт > фудбал ■ 07-May 01:20 -> 07-May 18:30
.
.
.
.

ФК Кожуф: Ги отфрламе обвинувањата кон клубот и играчите

  • Башкими тврди дека мечот со Кожуф не бил наместен

Фудбалскиот клуб Кожуф преку соопштение на социјалните мрежи ги отфрли обвинувањата по повод натпреварот против Башкими, кој го доби кумановскиот тим со 1-2. Од снимките се гледа сомнително однесување на домашните играчи при вториот гол на гостите при резултат 1-1. -Во рамките на 28-коло од ВМФЛ на градскиот стадион во Гевгелија се одигра натпреварот помеѓу ФК Кожуф и ФК Башкими кој заврши со резултат 1:2. По завршувањето на натпреварот во јавноста имаше силни реакции во однос на залагањето на дел од играчите од нашиот тим.

Голема врева се крена по вчерашниот натпревар меѓу Кожуф и Башкими, одигран во Гевгелија, а кој беше решен со сомнителен гол во 92. минута.

Повеќе од
оваа категорија

89 (9) ■ бизнис > македонија ■ 07-May 10:36 -> 08-May 10:00
.
.
.
.

Азески на средба со косовскиот колега за надминување на проблемот со задржување на македонски камиони со прехранбени производи

  • Косово без образложение задржува македонски камиони на граница, алармира Стопанската комора

Стопанската комора, по дојава од членки извозници за задржување на македонски камиони кои транспортираат прехранбени производи на територија на Косово, под изговор дека задржувањето е поради чекање резултати од лабораториски анализи, со официјален допис до надлежните институции во државата, бара итно преземање на неопходните мерки и нормализирање на протокот.

Стопанската комора, по дојава од членки извозници за задржување на македонски камиони кои транспортираат прехранбени производи на територија на Косово, под изговор дека задржувањето е поради чекање резултати од лабораториски анализи, со официјален допис до надлежните институции во државата, бара итно преземање на неопходните мерки и нормализирање на протокот.

97 (8) ■ бизнис > економија ■ 07-May 13:01 -> 07-May 14:17
.
.
.

Раст на трошоците на живот во април: 2.6% на годишно ниво, цените на мало пораснати за 2.7%

  • Намалување на трошоците на животот е забележано во групите Разновидни стоки и услуги за 0.7 %

Според Државниот завод за статистика, животните трошоци во април оваа година, споредено со април минатата година, покажуваат пораст од 2,6 %, а индексот на малопродажните цени забележува покачување од 2,7 %. Инфлацијата, измерена преку индексот на животните трошоци во април во споредба со март оваа година, е зголемена за 0,6 %. Порастот на инфлацијата е предизвикан од повисоките животни трошоци во следните категории: Транспорт со 5,1 %, Облека и обувки со 1,5 %, Рекреација и култура со 1,4 %, Мебел, предмети за домаќинство и одржување на домот со 0,5 %, Здравје со 0,4 % и Храна и безалкохолни пијалаци со 0,3 %. Намалување на животните трошоци е евидентирано во категориите Различни добра и услуги за 0,7 % и Алкохолни пијалаци, тутун и опојни средства за 0,1 %. Животните трошоци во категориите Домување, вода, електрична енергија, гас и други горива, Ресторани и хотели, Комуникации и Образование остануваат на исто ниво како и во изминатиот месец.

Трошоците на животот во април годинава, во однос на април лани, бележат зголемување од 2.6 %, а индексот на цените на мало од 2.7 %, соопшти Државниот завод за статистика.

117 (6) ■ бизнис > економија ■ 07-May 12:54 -> 07-May 15:15
.
.
.

РАСТЕ БРОЈОТ НА ЕНЕРГЕТСКИ КАПАЦИТЕТИ ОД ОБНОВЛИВИ ИЗВОРИ Но, на земјата ѝ треба голем балансен енергетски капацитет

  • РКЕ: 55,72 проценти од енергетските капацитети во државава се од обновливи извори

Повеќе од половина од расположливите енергетски капацитети во државава се од обновливи извори (55,72%) – покажуваат податоците од Годишниот извештај за 2024 година на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Во извештајот се регистрира прв пат поголема инсталирана моќност на фотоволтаичните електроцентрали (28,40%) во споредба со инсталираната моќност на хидроцентралите (24,13%). – Со цел зајакнување на енергетската стабилност и независност, во услови на доминација на капацитетите од обновливи извори, неопходно е во претстојниот период да се поттикнат инвестиции што ќе обезбедат балансна енергија – вели Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.

Повеќе од половина од расположливите енергетски капацитети во државава се од обновливи извори (55,72%) – покажуваат податоците од Годишниот извештај за 2024 година на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Во извештајот се регистрира прв пат поголема инсталирана моќност на фотонапонските електроцентрали (28,40%) во споредба со инсталираната моќност на хидроцентралите (24,13%). – Со цел зајакнување на енергетската стабилност и независност, во услови на доминација на капацитетите од обновливи извори, неопходно е во претстојниот период да се поттикнат инвестиции што ќе обезбедат балансна енергија, вели Марко Бислимоски, претседател на РКЕ Во делот со природен гас и топлинска енергија, РКЕ во Годишниот извештај ги нотира како значајни настани: завршената сертификација на Операторот на системот за пренос на природен гас НОМАГАС, како и отпочнувањето на постапките за издавање на лиценци на Друштвото за снабдување со пареа и топла вода ЕНЕРЏИ ЕКОЛИНК АД Скопје (поранешна Топлана Скопје Север). Сублимираните анализи во секторот водни услуги го потврдуваат повторно високиот процент на неприходувана вода и во 2024 година.