Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини, на репрезентативците им соопштил дека заминува од функцијата веднаш после победата над Фарски Острови (1-0). Тој се симнал во соблекувалната, им честитал за успесите, им се заблагодарил за периодот што го поминаа заедно и ги известил дека поднел оставка на функцијата, информација која одреден период лебдеше во воздух, но сега добива и официјална потврда.