Сојузниците на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп остро ја критикуваа одлуката на претседателот Џо Бајден да и дозволи на Украина да користи американски ракети со долг дострел за напади во Русија, обвинувајќи го за сериозна ескалација.
Првите номинации на Доналд Трамп јасно ја издаваат намерата на новата администрација да поведе војна против федералната бирократија, додека во исто време, ни ги навестува и целите на глобалниот трампизам, пишува Ивор Мицковски во Сепак, првата и основа цел на новоизбраниот претседател е дисциплинирањето на таканаречената „Длабока држава“, како централен пакт со неговите избирачи и предуслов за следните чекори во меѓународната политика.
Окружното обвинителство во Менхетен, Њујорк денеска соопшти дека се согласува да го одложи изрекувањето на пресудата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп.