Article-cluster size (# of articles)
new weight
old weight
lower/upper
Articles count
Total similarity
Avg. similarity
Total chr length
Sentence # average
Sentence # variation
8
9.86
17.87
1.08/0.34
8.00
3.11
0.39
631.00
1.00
0.00
All clustering variants
Old ranking - len = 8
5 ■ 0.99/0.01 ■ 2 ■ 16.9
Best clustering variants
5 0.99/0.01 2 16.9
Novamakedonija

Ќе има вкупно пет извлекувања, и тоа за четирите двојки од четврт-финалето, а потоа и за полуфиналето на патот кон трофејот, како и три извлекувања за доигрувањата за опстанок во лигите А, Б и Ц. Пред ждрепката за четврт-финалето носители се репрезентациите на Шпанија, Германија, Португалија и на Франција, како победници на групите во лигата А, а неносители се селекциите на Италија, Холандија, Данска и на Хрватска, кои беа второпласирани во своите групи.

Ждрепката е полудиригирана, бидејќи нема да можат меѓу себе да играат репрезентации што се сретнаа во групната фаза (Шпанија и Данска, Германија и Холандија, Португалија и Хрватска, Франција и Италија). Можни се дуели репризи на претходни финалиња, откако во мечевите за трофејот во Лигата на нациите играа Португалија и Холандија во 2019 година, како и Шпанија и Хрватска во 2023 година. Novamakedonija