Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перес, одржа говор на клупското собрание на кое, меѓу другото, најави рестартирање на Супер лигата, истакнувајќи го проблемот со пренатрупаниот фудбалски календар.
Перес со години е еден од најгласните поборници на оваа контроверзна иницијатива, тврдејќи дека тоа ќе донесе повисок квалитет на натпреварување и ќе го намали товарот на играчите.