Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти изјави дека за време на репрезентативната пауза, Килијан Мбапе, кој не беше повикан во репрезентацијата на Франција, добро тренирал и ја подобрил својата состојба.
Италијанецот категорично ги демантираше шпекулациите дека напаѓачот има психички проблеми, поради кои не го покажува целиот свој потенцијал на „Сантијаго Бернабеу“.