Душан Влаховиќ минува низ тежок период, преговорите за нов договор се далеку од конечен епилог, тренерот Мота не е најзадоволен од неговите изданија, а Србинот згора на тоа влезе и во конфликт со навивачите на Јувентус, веднаш по завршувањето на саботниот дуел со Венеција.
Тој беше бесен на навивачите поради свирежите и навредите упатени кон него и остатокот од тимот, Влаховиќ бурно реагираше, а денеска стигна одговор од најверните приврзаници на „старата дама“.