Нашата мисија е едноставна – да му помогнеме на женскиот фудбал да добие истакнато место во европската спортска заедница, порача претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, истакнувајќи дека новата стратегија е „резултат на обемна соработка со фудбалските чинители низ Европа и го прикажува планот на УЕФА да ја негува и развива следната генерација играчи, тренери, судии, волонтери и навивачи“ во светот на женскиот фудбал.