Лидерот на исламистичката коалиција што ја презеде власта во Сирија, Абу Мухамед ал-Џавлани, во интервју за Тајмс изјави дека нема да дозволи земјата да се користи како база за напади врз Израел или други земји.
Израелските сили ќе останат во тампон зона на сириската граница, вклучувајќи го и врвот на планината Хермон, додека не се постигне друг договор за обезбедување на безбедноста на Израел, изјави израелскиот премиер од највисоката точка на Хермон, . Израел ја освои тампон зоната голема приближно 400 квадратни километри по падот на режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад.