Луис де ла Фуенте, човекот кој ја однесе Шпанија на врвот на Европа, е прогласен за најдобар селектор за 2024 година според изборот на Меѓународната федерација за историја и статистика на фудбалот (IFFHS). Според резултатите од гласањето, 63-годишниот стратег на Шпанија доби 274 поени и заслужено го освои првото место пред селекторот на Аргентина, Лионел Скалони (148), и Дидије Дешан, предводникот на Франција (35). Под водство на Де ла Фуенте, репрезентацијата на Шпанија оваа година со сите седум победи го освои Европското првенство во Германија.
Шпанската фудбалска федерација му понуди нов договор на селекторот на репрезентацијата, Луис Де Ла Фуенте, кој минатото лето ја одведе „фуријата“ до титулата на Европското првенство во . Стратегот досега заработуваше сума од еден милион евра годишно, а сега на масата има двојно поголема понуда која може и да се зголеми во зависност од резултатите на националниот тим.