1 (14) ■ вести > македонија > хроника > црна хроника ■ 16-Apr 12:32 -> 16-Apr 13:59
.
.
.
.

Кривична пријава за тешки дела против општата сигурност за 10 полициски службеници, шест се лишени од слобода, по еден се трага, тројца веќе се во притвор

  • МВР со детали: Уапсени шест полицајци за пожарот во Кочани, по едно се трага

Десет полициски службеници добија кривична пријава во врска со пожарот во кабарето Пулс во Кочани во кој починаа 61 лица, а над 200 беа повредени.

За пожарот во Кочани со кривични пријави ќе се соочат десет полицајци.

7 (5) ■ вести > македонија ■ 16-Apr 13:00 -> 16-Apr 13:26
.
.
.
.

▷ Трговците во малопродажба од 18 април ќе треба да ги објават јавно цените на сите производи на своите веб страни

  • Дурмиши: Трговците во малопродажба од 18 април ќе треба да ги објават јавно цените на сите производи на своите веб страни

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска одржа прес-конференција на која информираше за Правилникот за начинот на објавување на цените на стоките и податоците што треба да се објавуваат од страна на мал, среден и голем трговец кој врши дејност трговија на мало кој произлегува од измените и дополнувањата на Законот за заштита на потрошувачи.

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска одржа прес конференција на која информираше за Правилникот за начинот на објавување на цените на стоките и податоците што треба да се објавуваат од страна на мал, среден и голем трговец кој врши дејност трговија на мало кој произлегува од измените и дополнувањата на Законот за заштита на потрошувачи.

11 (9) ■ вести > македонија ■ 15-Apr 19:44 -> 16-Apr 11:12
.
.
.
.

Средба на Муцунски со шефот на дипломатијата на ОАЕ, шеикот Абдула бин Зајед Ал Нахјан

  • Македонија и ОАР потпишаа договори за економска соработка, трговија и размена на знаење

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска во рамки на официјалната посета на Обединетите Арапски Емирати остварил средба со шефот на дипломатијата на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Абдула бин Зајед Ал Нахјан.

Денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, заедно со Неговата Висост шеик Абдула бин Зајед Ал-Нахјан, заменик премиер и министер за надворешни работи на Обиединети Арапски Емирати, потпишаа два договора, едниот за економска соработка, трговија и инфраструктура, а другиот за размена на знаење и искуства помеѓу двете дипломатски академии, информираат од Владата.

13 (4) ■ вести > свет ■ 16-Apr 12:12 -> 16-Apr 13:25
.
.

ЖЕНИ СЕ САМО ОНИЕ РОДЕНИ КАКО ЖЕНИ, ОДЛУЧИ БРИТАНСКИОТ СУД Во Британија се прави разлика меѓу биолошки пол и полов идентитет

  • Врховниот суд на Британија: Концептот за пол е бинарен, личноста е или маж или жена

Жени се само оние родени како биолошки жени, пресуди Врховниот суд во Велика Британија во случајот поднесен од шкотското здружение „За жените Шкотска“.

Врховниот суд на Обединетото Кралство едногласно одлучи дека термините „жена“ и „род“ во Законот за еднаквост од 2010 година се однесуваат исклучиво на биолошки пол, а не на законски признат пол врз основа на родовиот идентитет, јавува Би-би-си. Пресудата беше донесена во контекст на случајот изнесен пред судот од страна на шкотското здружение For Women Scotland, кое се однесуваше на прашањето дали лицето со сертификат за пол, кој официјално го променил нивниот пол, може да има пристап до права и заштита наменети исклучиво за жените.

14 (13) ■ вести > македонија > политика ■ 16-Apr 08:22 -> 16-Apr 11:12
.
.
.
.

Кос: Никој не може да гарантира дека по уставните измени не би имало пречки на европскиот пат на Северна Македонија

  • Никој не може да гарантира дека по уставните измени не би имало пречки, вели еврокомесарката за проширување Марта Кос

Никој не може да и даде гаранции на Северна Македонија ако сега го смени Уставот, дека повеќе нема да има пречки на европскиот пат, изјави еврокомесарката за проширување Марта Кос во интервју за Европската новинска редакција (ЕНР) во одговор на прашање на МИА дали ЕУ и земјите членки можат да гарантираат дека по спроведување на уставните измени не би имало нови блокади поради билатерални прашања поврзани со идентитетот, јазикот или историја.

Никој не може да и даде гаранции на Северна Македонија ако сега го смени Уставот, дека повеќе нема да има пречки на европскиот пат, изјави еврокомесарката за проширување Марта Кос во интервју за Европската новинска редакција (ЕНР) во одговор на прашање на МИА дали ЕУ и земјите членки можат да гарантираат дека по спроведување на уставните измени не би имало нови блокади поради билатерални прашања поврзани со идентитетот, јазикот или историја.

15 (37) ■ вести > македонија > хроника ■ 15-Apr 19:33 -> 16-Apr 12:37
.
.
.
.

Коцевски ја компромитираше акцијата на МВР за апсење на 7 полицајци?

  • Приведени уште седум полициски службеници околу истрагата за Кочани

  • Коцевски: Издадена наредба за приведување на 7 полицајци, истрагата за Кочани се проширува

  • МВР ги демантира објавите дека јавниот обвинител Коцевски со неговата изјава ја нарушил акцијата за приведување на полициските службеници

По еден од осомничените полицајци за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, најголемата трагедија во поновата историја на Македонија, полицијата се уште трага.

Државниот обвинител Љупчо Коцевски вечерва на Топ тема на Телма објави дека пред да влезе во студиото добил информација дека основниот обвинител издал решение за приведување на седум полициски службеници кои утре ќе бидат најверојатно изнесени пред судија за претходна постапка.

Издадена е наредба за приведување на 7 полицајци, со што практично се проширува истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани во која загина 61 лице, а над 100 беа повредени.

Министерството за внатрешни работи ги демантира информациите објавени во дел од медиумите дека државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски со неговата вчерашна изјава ја нарушил акцијата за приведување на полициските службеници.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

12 (5) ■ бизнис > економија ■ 16-Apr 11:51 -> 16-Apr 13:57
.
.
.
.

Стратегијата за минерални суровини во финална фаза, рокот за забелешки е до 1 мај

  • По 30 години без насока: Се финализира Стратегијата за минерални суровини – До 1 мај рок за забелешки во транспарентен процес

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги потсетува сите засегнати страни дека рокот за поднесување забелешки, предлози и коментари по Извештајот за стратегиска оцена на животната средина како и по Нацрт-Стратегијата за геолошки истражувања и одржливо искористување и експлоатација на минерални суровини 2025 – 2045, трае до 1 мај.

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги потсетува сите засегнати страни дека рокот за поднесување забелешки, предлози и коментари по Извештајот за стратегиска оцена на животната срединакако и по Нацрт-Стратегијата за геолошки истражувања и одржливо искористување и експлоатација на минерални суровини 2025 – 2045, трае до 1 мај 2025 година.

144 (5) ■ бизнис > мои пари ■ 15-Apr 10:48 -> 15-Apr 15:27
.
.
.
.

Комерцијална банка со поддршка од 30 милиони денари за Фондацијата на МБА „Заедно за едно“ за помош на настраданите во трагедијата во Кочани

  • КОМЕРЦИЈАЛНА БАНКА ДОНИРАШЕ 30 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА НАСТРАДАНИТЕ ВО КОЧАНИ Помошта е префрлена на Фондацијата на МБА „Заедно за едно“

Значајните донации што во наредниот период ќе ги обезбеди Комерцијална банка преку новата фондација претставуваат конкретен израз на нашата желба да им помогнеме на повредените, на нивните најблиски, како и на семејствата на загинатите со помалку болка и тешкотии да се справат со последиците од оваа ужасна трагедија.

Комерцијална банка како истакната општествено одговорна компанија ќе обезбеди силна финансиска поддршка во износ од 30 милиони денари за новата Фондација „Заедно за едно“, основана во рамките на Македонската банкарска асоцијација за да помогне на повредените и на семејствата на настраданите во трагичниот пожар во дискотеката во Кочани.

78 (20) ■ сцена > шоу биз ■ 14-Apr 09:42 -> 15-Apr 18:29
.
.
.
.

Кети Пери денескa патува до работ на вселената

  • (ВИДЕО) Кети Пери ја бакна земјата – женскиот екипаж во ракетата на Џеф Безос по 11 минути се врати од вселената

  • Заврши првиот вселенски лет на компанијата Блу Ориџин: Кети Пери ја бакнуваше земјата (Видео)

Поп-музичарката Кети Пери ќе биде најголемата ѕвезда во целосно женската екипа којашто ќе лета до работ на вселената во недела по американско време со ракетата на милијардерот Џеф Безос.

Ракетата „Њу шепард“, произведена од компанијата на милијардерот Џеф Безос, „Блу ориџин“, со целосно женска екипа, слета на Земјата по 11 минути лет во вселената.

Капсула со шест жени членки на екипажот успешно слета на земјата во Западен Тексас, по краткиот, но историски лет во вселената организиран од „Блу Ориџин“.

189 (6) ■ сцена > култура ■ 14-Apr 09:16 -> 14-Apr 20:12
.
.
.
.

Влатко Стефановски ги најави концертите во Филхармонија

  • Прес по повод јубилејните концерти во Скопје на Влатко Стефановски (видео)

Стефановски го претстави и винил изданието „London Sessions“, Нашиот врвен гитарист Влатко Стефановски, денеска заедно со продуцентот Томислав Кашљевиќ и музичката уредничка на Кроација рекордс Клаудија Чулар, ги најави двата последователни концерти кои треба да се случат на 9 и 10 мај во Македонската филхармонија, по повод неговата импозантна 50-годишна музичка кариера и го претстави неговото тројно винил издание „London Sessions“ снимено во познатото музичко студио „Abbey Road“ во Лондон.

Прес-конференцијата по повод јубилејните концерти во Скопје на гитаристот и композитор Влатко Стефановски, со кои ќе одбележи 50 години поминати на концертната сцена.