Јунајтед вечерва го пречека Њукасл, тим што имаше само една победа во последните 29 години на „Олд Трафорд“, но тоа не им пречеше на гостите да им одржат лекција по фудбал на Аморим и неговите избраници и заслужено да слават со 0-2. Се беше решено уште во првите дваесетина минути, во кои Њукасл целосно го надигра Манчестер и поведе со 0-2, Исак го постигна првиот гол во раната фаза од мечот, а нешто подоцна меѓу стрелците се запиша и Жоелинтон. Ekipa