1 (7) ■ вести > македонија ■ 05-Jan 23:38 -> 06-Jan 09:09
.
.
.
.

Регистриран земјотрес во Македонија

  • Земјотрес почувствуван во Скопје

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва 5 јануари 2025 година во 23 часот и 12 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 24 километри северозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда ML2.8. Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во градот Скопје и северозападните делови на Републиката со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Земјотрес со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала е почувствуван синоќа во Скопје и северозападните делови од државата.

4 (40) ■ вести > македонија > политика ■ 04-Jan 10:14 -> 05-Jan 19:18
.
.
.
.

СДСМ: ДПМНЕ со патолошки лаги за патот Страцин – Крива Паланка, но сликите не лажат

  • Од Крива Паланка до Куманово ќе се патува за 40 минути, пуштен експресниот пат Крива Паланка-Страцин

  • (ВИДЕО) Бочварски: Експресниот пат Страцин – Крива Паланка е проект на СДСМ, горди сме што е завршен

  • СДСМ: Над 90% од патот Страцин-Крива Паланка беше завршен во време на СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ лаже за експресниот пат Страцин – Крива Паланка затоа што СДСМ го заврши над 90% а тие го блокираа како опозиција, обвинија од опозициската СДСМ.

Со пуштањето на експресниот пат од Страцин до Крива Паланка, патувањето од 30 минути се крати на 10 минути, а од Крива Паланка до Куманово наместо еден час ќе се патува за 40 минути.

„Со гордост ја споделуваме веста за завршување на експресниот пат Страцин – Крива Паланка.

Освен китењето со туѓи перја ДПМНЕ денеска покажа и големо лицемерие.

9 (14) ■ вести > македонија ■ 05-Jan 10:54 -> 06-Jan 09:09
.
.
.
.

Посебен сообраќаен режим во Скопје поради бадникарските манифестации

  • Бадникови Поворки и свечен собир; утре посебен сообраќаен режим во Скопје

Посебен сообраќаен режим ќе биде воведен денеска на подрачјето на град Скопје каде по повод христијанскиот празник Бадник ќе се одржат повеќе манифестации.

СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека на 06.01.2025 (понеделник) по повод Христијанскиот празник Бадник на подрачјето на град Скопје ќе се одржи Бадникова манифестација во склоп на Бадникови Поворки и свечен собир на Кумовите бадникари на платото на Соборниот Храм Св. Климент Охридски, како и Божиќна манифестација во склоп на Бадникови Поворки со траса на движење од пред општинската зграда на општина Кисела Вода, по ул.„Петар Дејлан“, десно по ул.„Борис Трајковски“, лево по бул.„Македонија“, во продолжение по ул.„Св. Кирил и Методиј“ до пред Музеј на град Скопје, потоа на ул.„Македонија“ во продолжение се до плоштад „Македонија“ каде што ќе се одржува централната манифестација, информираат од МВР.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

54 (4) ■ бизнис > македонија ■ 05-Jan 14:05 -> 05-Jan 16:44
.
.
.
.

Се кројат лозјата во Тиквешко

  • СЕ КРОЈАТ ЛОЗЈАТА И ПРЕД СВ. ТРИФУН: За Бадник и Божик ќе паузираме, па повторно ќе продолжиме, велат тиквешките лозари

Лозарите кројат и пред верскиот празник „Свети Трифун“ Се кројат лозјата во Тиквешко, лозарите кројат и пред верскиот празник „Свети Трифун“, што е во февруари месец и се смета за заштитник на производителите на грозје, со резидба порано започнаа оние кои имаат поголеми плантажи со винови лози, па не можат да чекаат, оти ако чекаат, нема навреме да ја завршат оваа операција.

Се кројат лозјата во Тиквешко, лозарите кројат и пред верскиот празник „Свети Трифун“, што е во февруари месец и се смета за заштитник на производителите на грозје, со резидба порано започнаа оние кои имаат поголеми плантажи со винови лози, па не можат да чекаат, оти ако чекаат, нема навреме да ја завршат оваа операција.