Столе Димитриевски е во главна улога на вечерашниот дуел меѓу Валенсија и Реал Мадрид, македонскиот голман брани извонредно, а згора на тоа успеа да го испровоцира Винисиус да добие директен црвен картон на овој натпревар.
Фудбалерот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор се соочува со долга дисквалификација поради исклучувањето на синоќешниот натпревар од 12. коло на шпанското првенство против Валенсија (2:1). Во 79. минута Бразилецот го турна македонскиот голман Столе Димитриевски и доби црвен картон, а по исклучувањето вербално ги нападна судиите.
Реал Мадрид ТВ имаше неверојатни испади за време на натпреварот на „Месталја“, па по црвениот картон на Винисиус Жуниор бараше да се напушти лигата.