Фудбалерите на Милан се победници на 37-то издание на италијанскиот Суперкуп што се одржа во Саудиска Арабија, откако во неделата вечерта со голем пресврт го совладаа градскиот ривал Интер со 3:2. Во финалето одиграно на стадионот „Универзитет Крал Сауд“ во Ријад пред 24.841 гледач, Милан го победи градскиот ривал со 3:2, иако Интер водеше со 2:0. „Нераѕурите“ поведоа во судиското надополнување на првото полувреме со голот на Лаутаро Мартинез. Netpress