Откако загуби во полуфиналето на УС Опен, Новак Ѓоковиќ, најдобриот тенисер на сите времиња, нагласи дека му е сè потешко да најде решение за Карлос Алкараз и Јаник Синер, но дека нема да се откаже и сака да продолжи да се бори. Во првите два сета, нивото на тенисот на Новак Ѓоковиќ беше импресивно, а потоа во третиот сет, возраста и повредите си го земаа данокот и беше јасно дека Карлос Алкараз ќе обезбеди пласман во финалето.
Од: А1он Двајцата најдобри светски тенисери во моментов се изборија за нов финален меч на Грен слем турнир. Тие во полуфиналните дуели одиграни ноќеска забележаа победи.
Аферата за следење политичари, новинари бизнисмени од Агенцијата за национална безбедност (АНБ), преку партиските седишта, сега се префрли во Собрание. Пратениците не можат да се договорат да направат надзор врз АНБ, откако излегоа информациите за следење.
Претседателот на Собранието, Африм Гаши за утре во 11 часот ја закажа седницата на Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање во врска со актуелните сомнежите за незаконско прислушување од Агенцијата за национална безбедност (АНБ), кое се вршело во периодот од 2019 до 2024 година. Како што информираат од собраниската прес-служба, со седницата ќе претседава пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска.
Модниот дизајнер Џорџо Армани почина на 92-годишна возраст. Неговата компанија ја потврди веста со кратко соопштение: „Со бескрајна тага, групацијата Армани ја објавува смртта на својот творец, основач и неуморна движечка сила: Џорџо Армани“.
Италијанскиот дизајнер Џорџо Армани почина мирно во својата 91 година од животот, опкружен со своето семејство, објави модната куќа „Армани“. Џорџо кој сакаше да биде доктор, но стана еден од највлијателните луѓе во светот на модата.
Венко Филипче - Претседател на СДСМ - Фото Слободен печат - Методи Здравев ВИДЕО | Филипче во интервју за „Слободен печат“: Сите политики одат во насока на тоа дека власта е договорена со големите бизниси Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Венко Филипче, во интервју за „Слободен печат“ вели дека сите политики на власта одат во насока на тоа дека таа е „договорена со големите бизниси“. „Платите не растат.
Младите во Македонија денес живеат во држава која не се развива, држава во која немаат просперитет, посочи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче на средбата со студенти. На средбата Филипче нагласи дека немањето стратегија за унапредување на пазарот на труд, растечката сиромаштија, се само дел од причините поради кои младите својата иднина ја гледаат надвор од Македонија.
Тешко повредена скопјанка при влегување во лифт во зградата на МРТВ Скопјанка на возраст од 52 години вчера завршила во болница откако се повредила при влегување во лифт во зградата на МРТВ. „На 03.09.2025 во 11:20 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив била донесена Е.Т.(52) од Скопје, која се здобила со тешки телесни повреди при влегување во лифт во зградата на МРТВ“, информираа од полицијата.
52-годишна жена од Скопје завршила во болница откако се повредила при влегување во лифт во зградата на МРТВ. На 03.09.2025 во 11:20 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив била донесена Е.Т.(52) од Скопје, која се здобила со тешки телесни повреди при влегување во лифт во зградата на МРТВ, информираа од полицијата.
Ја слушнав изјавата на Касами и можам да кажам дека, за жал, влегува во фолклорот на опозициската ДУИ без потреба. Моја препорака до него е дека етничките поделби и тензии не се алатка за да се привлече внимание во јавноста за да се добијат гласови, туку треба да зборува за проектите во Тетово кои заедно, со поддршка на Владата, се направени за сите, изјави Мицкоски во Брвеница Уште непочната кампањата за локалните избори, владините партнери ВМРО-ДПМНЕ и Вреди си разменија „воспитни“, иако предизборно се договорија за меѓусебна поддршка во некои општини.
По изјавата на градоначалникот на општина Тетово и еден од лидерите на ВЛЕН, Биљал Касами дека не го поддржува кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Јовица Илиевски за нов мандат во општина Брвеница, премиерот Христијан Мицкоски вели дека е битно жителите на општина Брвеница да го поддржуваат градоначалникот. Сепак, премиерот го искритикува Касами.