Бразилскиот фудбалер Нејмар изјави дека повторното обединување со неговите поранешни соиграчи од Барселона, Лионел Меси и Луис Суарез во Интер Мајами би било интересна можност и не ја отфрли можноста да се пресели во САД по завршувањето на договорот со Ал Хилал.
Бразилската фудбалска ѕвезда, Нејмар, иако изјави дека е среќен со неговата кариера и моменталниот престој во Саудиска Арабија, каде што го носи дресот на Ал Хилал, најавува дека би немал ништо против да биде дел од иста екипа со поранешните соиграчи од Барселона.