1 (225) ■ вести > свет > политика > војна ■ 12-Jun 07:11 -> 14-Jun 20:45
.
.
.
.

Иран се заканува со лансирање на „Хаибар“, Техеран најави жесток одговор

  • Иран: Не го нападнавме Израел, но одмаздата ќе дојде во блиска иднина

  • Трамп: САД не беа предупредени, но беа свесни дека Израел планира да го нападне Иран

  • Израел го нападна Иран и прогласи вонредна состојба

По интензивирањето на вооружениот судир меѓу Израел и Иран, иранските власти вчера испратија заканувачка порака до меѓународната заедница, најавувајќи потенцијално лансирање на ракетата „Хаибар“.

Иранската новинска агенција Фарс, повикувајќи се на безбедносни извори, ги негираше израелските извештаи дека Техеран лансирал дронови кон Израел, додавајќи дека иранската одмазда „ќе се случи во блиска иднина“.

Претседателот на САД, Доналд Трамп за „Волстрит џурнал“ (Wall Street Journal) изјави дека Вашингтон не бил предупреден, но бил свесен за израелските планови за напад врз Иран.

Фото: ЕПА Израел утрово соопшти дека го нападнал Иран, а иранските медиуми објавија дека во Техеран се слушнале експлозии.

5 (24) ■ вести > свет > украина ■ 12-Jun 05:33 -> 14-Jun 18:45
.
.
.
.

Зеленски: Украинската армија го запре напредувањето на руската војска во Сумската област

  • Украина и Русија извршија нова размена на воени заробеници

  • Зеленски: Путин се крие зад преговорите за да избегне санкции

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека украинските сили успеале да го сопрат напредувањето на руската армија во североисточната Сумска област и дека во моментов се водат борби по должината на границата со цел повторно воспоставување контрола.

Во текот на оваа недела, Украина и Русија успешно ја реализираа својата четврта размена на воени заробеници, соопштија официјални извори од двете земји.

Од: А1он Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека рускиот претседател Владимир Путин ја користи темата за мировни преговори како средство за избегнување на притисокот од построги санкции против Русија.

10 (77) ■ вести > македонија > политика ■ 12-Jun 02:38 -> 14-Jun 12:20
.
.
.
.

Сијарто: Не е само до Бугарија, членките во ЕУ што го поддржуваат проширувањето кон Западен Балкан се малцинство

  • Николоски - Сијарто: Силното партнерство со Унгарија и носи огромен бенефит на Македонија

  • Потпишан договор за стратешко партнерство со Унгарија

  • Јаневска и Сијарто потпишаа Меморандум со кој годишно по 20 македонски студенти добиваат стипендии за студии во Унгарија

Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто денеска од Скопје порача дека Европската Унија јавно кажува дека го поддржува проширувањето кон Западен Балкан, но зад затворени врати на состаноците на 27-те земји-членки, државите кои го поддржуваат проширувањето се малцинство.

Нашите односи со пријателите продолжуваме да ги градиме на уште повисоко ниво.

Договор за стратешка соработка меѓу двете влади и Меморандум за разбирање и имлементација на програмата „Стипендиум хунгарикум“ за периодот 2026 – 2028 година потпишале денеска македонскиот министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и неговиот унгарски колега Петер Сијарто, кој престојува во посета на земјава.

Македонските студенти ќе можат да користат 20 стипендии годишно за да студираат во Унгарија на унгарски или на странски јазик.

12 (70) ■ вести > македонија > хроника ■ 12-Jun 18:45 -> 14-Jun 19:32
.
.
.
.

За двајца поранешни министри запрена постапката за трагедијата во Кочани

  • Акција под раководство на обвинител од Специјализираното одделение за полициски службеници, во Кочани уапсени 13 лица

  • Сите детали за обвинетите за пожарот во „Пулс“: Се гонат 34 лица, запрена е постапката за 11 лица, меѓу кои ексминистри и ексдиректори

  • Обвинителен акт против 34 физички и 3 правни лица за трагедијата во „Пулс“

За 11 лица е запрена постапката и нема да се гонат за трагедијата во Кочани, бидејќи немало доволно докази, меѓу нив се ексдиректорите на Државниот пазарен инспекторат, двајца ексминистри за економија, истакна државниот обвинител Љупчо Коцевски.

Во тек е акција под раководство на обвинител од Специјализираното одделение за полициски службеници, соопштија од ОЈО ГОКК.

Обвинителството поднесе обвинение против 34 физички и три правни лица за трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која животот го загубија 62 лица, меѓу нив и шест деца.

Со години се кршеле закони, се прикривале неправилности за дискотеката „Пулс“ да може да работи без да ги исполнува минималните услови за безбедност, кажа републичкиот обвинител Љупчо Коцевски – обинителството го поднесе обвинението против 34 физички и три парви лица за една од најголемите трагедии во земјава, во која загинаа 62 лица, меѓу нив шест деца, бидејќи за влез во дискотеката не се прашувало за години..

13 (97) ■ вести > свет ■ 12-Jun 09:16 -> 14-Jun 21:15
.
.
.
.

Пронајдена црната кутија на „Ер Индија“; Бројот на жртви е зголемен, потрагата сè уште е во тек

  • Голем број студенти по медицина загинаа во авионската несреќа во Индија

  • Во болницата во Ахмедабад донесени над сто безживотни тела

  • (Видео) Луѓето трчаат да ги спасат преживеаните: Детали по падот на авионот во Индија

Црна кутија е пронајдена на местото на падот на авионот на „Ер Индија“ во Ахмедабад, потврди индискиот министер за цивилно воздухопловство Рам Мохан Наиду Кинџарапу, пишува Би-Би-Си. Црната кутија е пронајдена во рок од 28 часа по падот, соопшти Бирото за истрага на воздушни несреќи (AAIB), кое ја води истрагата со помош на американски и британски експерти.

Повеќе од 100 тела се однесени во болница во индискиот град Ахмедабад откако авион на „Ер Индија“ што леташе за Лондон со 242 патници се урна неколку минути по полетувањето од западниот индиски град, соопштија властите, очекувајќи бројот на жртви да се зголеми.

фото: ЕПА При падот на патничкиот авион Боинг 787-8 на „Ер Индија“, кој сообраќаше од Ахмедабад за Лондон, загинаа најмалку 133 луѓе.

Авион на Ер Индија со 232 патници и 10 членови на екипажот се урна во Ахмедабад, Гуџарат, како што потврди и Контролниот центар на државната полиција.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

266 (7) ■ бизнис > македонија ■ 12-Jun 12:18 -> 12-Jun 19:08
.
.
.
.

Димитриеска-Кочоска: За седум години претходната Влада направи долг од 4,1 милијарда евра

  • ЗА 7 ГОДИНИ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА НАПРАВИ ДОЛГ ОД 4,1 МИЛИЈАРДА ЕВРА Сега нема право да коментира кој го зголемил долгот

За седум години претходната Влада направи долг од 4,1 милијарда евра, а само во период од последните 4 години од нивното владеење 3,3 милијарди евра што покажуваат податоците за движење на јавниот долг по години од 2017 наваму, рече министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во одговор на пратеничко прашање на собраниска седница.

ЗА 7 ГОДИНИ ПРЕТХОДНАТА ВЛАДА НАПРАВИ ДОЛГ ОД 4,1 МИЛИЈАРДА ЕВРА Сега нема право да коментира кој го зголемил долгот Според министерката во континуитет претходната Влада се повикува дека 2 милијарди биле искористени за антикризни мерки, иако Државниот завод за ревизија објави дека само 400 милиони евра се потрошени за антикризни мерки Фото: Принтскрин За 7 години претходната Влада направи долг од 4,1 милијарда евра, а само во период од последните 4 години од нивното владеење 3,3 милијарди евра што покажуваат податоците за движење на јавниот долг по години од 2017 наваму, рече министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска во одговор на прашање за состојбата на долгот од пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи.

273 (7) ■ бизнис > македонија ■ 12-Jun 07:15 -> 12-Jun 15:37
.
.
.
.

ЕЛЕМ Турс со акумулирани загуби од 1,2 милијарди денари, утврди Државна ревизија

  • ЗАСТАРЕНИ СМЕСТУВАЧКИ КАПАЦИТЕТИ, ЗАДОЛЖЕНОСТ И ЗАГУБИ: Ревизорите со забелешки за работењето на ЕЛЕМ ТУРС

Државниот завод за ревизија (ДЗР) по извршената ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на Друштвото за туризам, угостителство, рекреација и спорт ЕЛЕМ Турс ДООЕЛ Скопје, за 2023 година утврди низа недоследности во работењето на Друштвото, кое се соочува со акумулирани загуби од приближно 1,2 милијарди денари и обврски над 268 милиони денари.

Добивај вести на Viber Ревизорите утврдиле недоследности во работењето на ЕЛЕМ ТУРС ДООЕЛ Скопје и констатирале дека се соочува со акумулирани загуби од приближно 1,2 милијарди денари и обврски над 268 милиони денари.

316 (5) ■ бизнис > македонија ■ 12-Jun 12:14 -> 14-Jun 04:47
.
.
.
.

ЦАРИНИТЕ КАКО ДВИГАТЕЛ НА ИНТЕГРАЦИЈАТА: Македонија со нов закон, дигитални реформи и скок во заплени

  • Директорот на Царина на настан со генералните директори на ЕУ и ЗБ: Покажавме дека Царинската управа е силно посветена на реформската агенда за забрзан влез во ЕУ - Agrotim.mk

Време зa читање: 4 минути Во време кога економската интеграција со Европската Унија станува клучна политичка и економска цел за земјите од Западен Балкан, царинските управи се позиционираат како клучничинители во овој процес.

„Во изминатата година покажавме дека Царинската управа е силно посветена на зајакнување на конкурентноста на македонската економија, подобрување на поврзаноста со регионот преку модернизација и отворање нови гранични премини на коишто посветено работиме, како и имплементација на нови технолошко напредни комуникациски системи.

21 (14) ■ сцена > фудбал ■ 12-Jun 12:00 -> 14-Jun 19:00
.
.
.
.

Дејвид Бекам ја доби титулата „Сер“

  • Дејвид Бекам прогласен за витез

На Дејвид Бекам му беше доделена титулата „Сер“ од британскиот крал Чарлс III.

Британскиот крал Чарлс го прогласи поранешниот фудбалер Дејвид Бекам за витез на церемонија по повод неговиот роденден, според традиционалниот список на почести објавен во петокот.„Никогаш не можев да замислам дека ќе ја добијам оваа чест“, им рече Бекам на новинарите, потсетувајќи се на своето воспитување во Источен Лондон, во скромно семејство на „патриотски и горди британски родители, баби и дедовци“.Сер Дејвид и Лејди Викторија50-годишниот Бекам, кој се пензионираше од професионалниот фудбал во 2013 година, сега ја носи титулата Сер Дејвид, додека неговата сопруга Викторија, моден дизајнер и поранешна членка на „Спајс грлс“, станува Лејди Викторија.Бекам, кој стана икона и во светот на спортот и во светот на модата, со години е кандидат за оваа награда.

281 (4) ■ сцена > култура ■ 12-Jun 08:00 -> 13-Jun 18:15
.
.
.
.

„Кривопаланечко културно лето“ со над 60 настани, започнува на 19 јуни

  • Во Крива Паланка се одржа премиера на адаптирана верзија на „Зоки Поки“

На 19 јуни започнува „Кривопаланечко културно лето“ 2025, со опсежна културна програма со над 60 настани и содржини наменети за сите генерации, што има за цел да ја плени публиката од целата држава и поширокиот регион, дополнително поттикнувајќи го културниот туризам во градот, се наведува во соопштението од Општина Крива Паланка.Програмата ќе биде отворена на 19 јуни со атрактивното стенд-ап шоу на Сашко Коцев, што ќе се одржи во Националната установа Центар за култура, Крива Паланка, а предвидената летна културна програма нуди атрактивни содржини за сите генерации: концерти, изложби, литература, уметност, џез, поп-рок музика, фолклор, гастрономија, понуда, за која, веруваме, ќе се бара место повеќе за присуство и ќе приреди незаборавно уживање за публиката од државата и регионот, велат од општината.

Facebook / НУ Центар за култура Крива Паланка Мудри досетки, впечатливи детски реплики, другарство и дружба на разни генерации дечиња беа дел од вечерашната изведба на сценската адаптација на една од најпознатите книги за деца, „Зоки Поки” од Оливера Николова.