Столе Димитриевски се најде во прв план на 10 минути пред крајот на дербито меѓу Валенсија и Реал Мадрид, пред се поради тоа што иницираше еден дуел кој заврши со инцидент поради лошото однесување на Винисиус Жуниор.
Бразилскиот репрезентативец, Винисиус Жуниор, кој неодамна доби суспензија од два натпревари поради неспортски потег кон македонскиот голман Столе Димитриевски, доби уште една добра вест, откако тренерот Карло Анчелоти решил да му ја додели улогата на прв изведувач на пенали.