Узбекистанскиот дефанзивец Абдукодир Хусанов (20) ќе го засили Манчестер Сити во трансфер вреден 50 милиони евра, а во редовите на „Граѓаните“ треба да дојде и Египќанецот Омар Мармуш (25). Младиот 20-годишен стопер на Ленс ги договорил личните услови со „Граѓаните“, а наскоро клубовите треба да го потврдат трансферот на фудбалерот кој Реал Мадрид сакаше да го доведе. Kajgana