Новак Ѓоковиќ ги дозна своите противници на претстојното Отворено првенство на Австралија (од 12 до 26 јануари). Како што налагаат протоколите пред почетокот на турнирот, сите играчи одржаа прес-конференции за медиумите на кои одговараа на различни прашања од новинарите, така беше и со српскиот тенисер.
Ниту по три години, Новак Ѓоковиќ не ги заборави настаните од 2022 година, кога беше депортиран од Австралија и спречен да учествува на Австралија опен поради невакцинација против коронавирусот.
Новак Ѓоковиќ излезе со шокантни тврдења поврзани со неговата најнеславна епизода на Австралија опен, кога го депортираа од земјата поради тоа што не беше вакциниран.