Интер подготвува амбициозна понуда за голманот на Пари Сен Жермен, Џанлуиџи Донарума . „Нероаѕурите“ будно ја следат ситуацијата со италијанскиот интернационалец и можно е да се обидат да го земат во своите редови, тврди „Скај Италија “. Интер веќе бара замена за Јан Сомер, кој има 36 години, а освен тоа, неговиот настап оваа сезона е далеку од брилијантен како што беше во првата сезона со тимот на миланскиот гигант. Ekipa