Вестите на денот, кратко и јасно, секој ден во твојот инбокс.
Даниел Аврамовски официјално е промовиран во дресот на турскиот второлигаш Игдир.
Фудбалерот од средниот ред во јануарскиот преоден рок се раздели со Болуспор, но остана во Турција, сега во дресот на Игдир, кој се бори за опстанок во Втората лига.
Негов нов клуб е тимот на Игдир, со кого си подаде рака на договор кој ќе има важност до јуни 2026 година.
Искусниот фудбалер од средниот ред пред само неколку седмици се раздели со Болуспор и се реши да ја прифати понудата на Игдир, тим кој што се бори за опстанок во втората турска лига. Gol
Двајца македонски фудбалери ќе играат за ист клуб во Турција, затоа што Ваљон Етеми постигна договор да го носи дресот на турскиот клуб Игдир.
27-годишниот крилен играч беше дел од Истанбулспор, но по седум натпревари на кои даде два гола и забележа една асистенција го раскина договорот. Gol
Аврамовски во Болуспор пристигна пред една година и клубот го напушта со 37 одиграни натпревари 17 гола и осум асистенции.
Во кариерата Аврамовски настапуваше уште за: Сараево, Кајсерспор, Вардар, Олимпија, Војводина, Црвена Звезда, ОФК Белград, Работнички и Македонија Ѓорче Петров. Sport1
Екипата на Игдир го потврди трансферот на македонскиот фудбалер, Даниел Аврамовски кој пристигнува од Игдир.
Македонскиот фудбалер, Даниел Аврамовски е нов член на турскиот второлигаш Игдир каде што пристигнува по разделбата со Болуспор.
Несреќниот Домагој Дувњак посериозно се повреди на турнирот кој требаше да биде негов последен во националниот дрес.
Капитенот на хрватската ракометна репрезентација Домагој Дувњак се повреди на почетокот на натпреварот против Аргентина во второто коло на Светското првенство.
Македонскиот репрезентативец Енис Барди е пред потпис со шпанскиот прволигаш Ваљадолид, пренесуваат шпанските медиуми.
Македонскиот репрезентативец Енис Барди и официјално се раздели со Трабзонспор и е во потрага по нова средина.
Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ денеска се пласираше во осминафиналето на Австралија опен, но неговата победа против Томаш Махач остана во сенката на силната порака што ја испрати по натпреварот до студентката Соња Поњавиќ која за време на вчерашните протести беше удрена од автомобил во Белград.
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во осминафиналето на Австралија опен откако го декласираше чешкиот играч Томаш Махач со резултат 3:0 (6:1, 6:4, 6:4) за два часа и 24 минути.
Додека навивачите на Манчестер Сити се подготвуваат за нови засилувања, откриено е дека најдобриот стрелец Ерлинг Халанд потпишал нов договор, пренесе „Атлетик“.
Манчестер Сити има разочарувачка сезона, но управата на клубот прави се за да ги задржи клучните фигури во своите редови.