Витор Бруно од денеска официјално повеќе не е тренер на португалскиот гигант Порто откако клубот се одлучи за раскин на договорот со 42-годишниот стратег.
Порто денеска објави дека го отпуштиле тренерот Витор Бруно, поради последователните порази од нискорангираниот Насионал и Жил Висенте, притоа што двојните победници на Лигата на шампионите се трети на табелата во Португалија по 18 натпревари.