Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар продолжува со подготовките во турска Анталија, пресрет продолжението на сезоната во Првата македонска лига во која ќе има тешка битка за опстанок.
„Црвно-црните“ го одиграа вториот пријателски натпревар на подготовките, овојпат против грузискиот шампион Ибериа, меч кој заврши без голови 0-0. На мечот присутен беше и селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски.